Blog

Македонски Каритас организираше тренинг за млади претприемачи 20 Дек

Македонски Каритас организираше тренинг за млади претприемачи

Од 16 до 18 декември 2024 година Македонски Каритас организираше тренинг (Bootcamp) во Дојран, во рамките на проектот YourJob II. Тренингот го отвори директорот на Македонски Каритас, о. Зоран И. Стојанов, кој во своето поздравно обраќање ги охрабри младите во остварувањето на нивните претприемачки планови. Тренингот го водеше г-дин Дејан Стoјановиќ, искусен тренер со долгогодишно искуство.

Откако Македонски Каритас објави јавен повик за учество на тренинг во ноември оваа година, можност за пријавување имаа млади луѓе од 18 до 35 години од општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Гевгелија и Богданци. Учеството на тренингот е предуслов за конкурирање за неповратни средства за започнување на сопствен бизнис.

На тренингот учествуваа 19 млади луѓе, кои имаа можност да стекнат нови практични знаења од претприемништвото, можност да развијат вештини за пишување на бизнис план, започнување и водење на сопствен бизнис.

Следниот чекор за младите и идни претприемачи, после успешно завршениот тренинг, ќе биде поднесување на нивните бизнис планови. Во тој процес ќе имаат менторска поддршка, која ќе им помогне во развивањето на нивните претприемнички и финансиски планови.

Регионалниот проект YourJob II е подржан од Реновабис Германија и Каритас Австрија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.