Blog

Меморандум за соработка со СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица 17 Окт

Меморандум за соработка со СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица

На 15 октомври 2024 година во Струмица, директоротот на Македонски Каритас, отец д-р Зоран И. Стојанов, со директорката на СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, г-ѓа Јасминка Цамбулева, потпишаа Меморандум за соработка и разбирање за проектот YourJob. Директорот на Македонски Каритас беше придружуван од кариерните советници Верица Ангеловска и Александар Младеновски, а директорката на СОУУД Димитар Влахов беше во придружба на психологот на училиштето, г-ѓа Катерина Божијанова.

Дел од учениците на СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица се веќе запознаени со активностите на проектот, а некои ученици веќе имаат искажано интерес за вклучување во програмата на YourJob.

Директорот на Македонски Каритас искажа голема благодарност на СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица за големата поддршка на проектот. Целта на YourJob е да ги поддржи младите луѓе во нивниот личен раст и развој и градењето на кариерен план.

Проектот е подржан од Реновабис и Каритас Австрија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.