Токискиот надбискуп метрополит монс. Тарцисио Исао Кикучи е новоизбраниот претседател на Каритас Интернационалис.
Да им се помогне на луѓето да сфатат дека не се заборавени, тоа е вистинската мисија на Каритас – со тие зборови претседателот на Каритас Интернационалис, монс. Тарцисио Исао Кикучи, го опиша делувањето на меѓународната католичка конфедерација, еден ден откако на 22 Генерално собрание на 13 мај, беше избран за претседател, на мандат од четири години.
Каритас треба да биде сведоштво на Божјата љубов. Она што го правиме не е само пружање на помош во храна, материјална или било каков вид на помош; ние сме исто така сведоци на Божјата љубов, како би можеле да покажеме на луѓето дека Господ така ги сака сите луѓе, истакна монс. Кикучи.
Монс. Кикучи е роден на 1 ноември 1958 година. Припаѓа на Мисионерите на Божјето Слово кои што завети ги има положено во 1985 година. За свештеник е ракоположен на 15 март 1986 година. Како млад свештеник бил мисионер во Гана, каде 8 години бил парох во една рурална парохија. Во 2017 година е именуван за надбискуп на Токио, а пред тоа од 2004 годинa бил бискуп на Ниигате. Претседател е на Бискупската конференција на Јапонија и Генерален секретар на Федерацијата на азиските бискупски конференции.
Извор: Vatican News