Фондацијата Македонски Каритас објавува оглас за ангажирање на Социјален работник, на определено време од 6 месеци (јануари – јуни 2026) во рамки на проектот “Советувалиште за повратници”.
Работни задачи:
- Воспоставување прв социјален контакт и комуникација со семејствата кои се идентификувани како повратници од Германија.
- Идентификување на социјалните ризици, потреби, интересите и потенцијали на семејството за успешна, притоа придржувајќи се до процедурите и политиките за заштита на корисниците на услугите на организацијата.
- Изготвување на социјална анамнеза/досие за семејството, прибирање основни информации за корисниците.
- Иницирање постапки за остварување на правата на корисниците од областа на социјалната и здравствена заштита, вклучување во деца во ситем на образование и сл.
- Извршување на теренска работа, придружна социјална работа и асситенција на корисниците до институциите.
- Стручна советодавна работа (индивидуална и групна социјална работа) во контекст на социјална превенција и успешна реинтеграција на повратниците.
- Соработка со граѓански организации и државни институции.
- Подготовка на наративни извештаи.
- Координација со менаџерскиот тим и поднесување на месечни извештаи за работата.
Образование и компетенции:
- Завршено високо образование (Социјална работа и политика).
- Познавања на закони, политики и програми поврзани со социјалната заштита, како и политиките насочени кон реинтеграција на повратници.
- Познавање на работа со компјутер и солидно познавање на англиски јазик. Познавањето на германски јазик се смета како предност.
- Вештини за ефективна комуникација, личен интегритет, одговорност, градење на конструктивни односи, тимска работа, посветеност, доследност, доверливост, емоционална контрола, слобода од предрасуди, справување со стресни ситуации.
- Возачка дозвола (Б категорија).
- За предност ќе се смета: повеќегодишно работно искуство на полето на социјалната работа, особено со ранливи категории на граѓани, посебно Роми.
Потребни документи:
- Кратка биографија
- Мотивациско писмо
- Потврда за завршено образование
- Препораки од претходни работни места (се смета за предност)
Плата за работниот ангажман по договор. Работното време е 20 часа неделно (пола работно време).
Документите да се достават најдоцна до 23.01.2026 (петок) на следната адреса: [email protected] Телефон за контакт: 02/3224190
