Blog

Одржана овогодинешната Регионална конференција на Каритас Европа 09 Мај

Одржана овогодинешната Регионална конференција на Каритас Европа

Од 6 до 9 мај 2025 година во Кишињев, главниот град на Р. Молдавија се одржа Регионалната конференција на Каритас Европа. Конференцијата беше исполнета со молитва за покојниот папа Фрањо и во духот на молитви од учесниците добриот Бог да нé обдари со папа кој ќе одговори на сите предизвици на Католичката црква во ова време и во сите области, за секој верник и особено за растот и мисијата на Каритас. Во четвртокот доцна попладне, на 8 мај 2025 година, за време на заедничката литургија во катедралата во Кишињев после светата причест месниот епископ монс. Антон Коше ја соопшти добрата вест дека е избран новиот папа, Лав XIV.

На регионалната конференција заедно со претседателот на Каритас Европа, дд-р. монс. Михаил Ландау и генералната секретарка Марија Ниман, присутни беа скоро сите директори на националните Каритаси во Европа или нивни застапници. Присуствуваше исто така и генералниот секретар на Каритас Интернационалис, г-динот Алистер Датон, кој свое обраќање имаше на почетокот на конференцијата. Покрај гореспоменатите претставници на претседателството на Каритас Европа и Каритас Интернационалис, поздравни говори имаа и епископотот на Кишињев, монс. Антон Коше, министри во владата на Молдавија, претставникот на Дикастеријата за промоција на интегрален човечки развој, регионалниот координатор за Источна Европа д-р Јуриј Тихолис, како и претставникот на Советот на епископските конференции на Европа (CCEE) отец Луис Окулик, а со видео вклучување и високиот комесар на ОН за човекови права г-дин Фолкер Турк.

На овогодинешната Регионална конференција присуствуваа 49 организации членки на Каритас Европа преку нивните национални директори или претставници или овластени национални директори од други земји. Македонски Каритас го претставуваше директорот отец Зоран И. Стојанов.

На крајот на Конференцијата беше соопштено дека следната година Годишната конференција на Каритас Европа ќе се одржи во Загреб, Хрватска.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.