Blog

Одржана работилница во организација на Каритас Европа 08 Јун

Одржана работилница во организација на Каритас Европа

На 5 и 6 јуни 2023 година во Париз, беше одржана работилница за Организациски развој, од страна на Каритас Европа. Освен претставници на Каритас Европа и на ЦРС, на работилницата учество зедоа претставници на 20 организации членки на европската Каритас мрежа. Беше претставен новиот систем на солидарност ACTS, кој има за цел унапредување на организацискиот развој на самите организации и поголема усогласеност со Менаџмент стандардите на Каритас Интернационалис.

Македонски Каритас беше претставуван од страна на координаторот Спасе Спасов, кој меѓу другото имаше прилика да сподели искуства во делот на организацискиот развој на Македонски Каритас во последните години, предизвици и позитивни искуства.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.