Blog

Одржана работилница за советување при долгови и асистирани банкарски сметки 03 Фев

Одржана работилница за советување при долгови и асистирани банкарски сметки

Од 1 до 2 февруари 2023 година, во организација на Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија, во Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, се одржана работилница за советување за долгови и асистирани банкарски сметки, која што ја водеше г-дин Харалд Фугер, аташе и претставник на гореспомнатото министерство, на која што учество зедоа и претставници на Македонски Каритас.
На почетокот присутните ги поздрави Н.Е. г-дин Георг Вуцас, амбасадор на Република Австрија во Македонија. Свое обраќање имаше и директорот на Македонски Каритас о. д-р Зоран И. Стојанов, кој меѓу другото истакна дека: „Македонски Каритас има позитивни искуства при помош и асистенција за обезбедување и отворање на трансакциска сметка на корисниците во некои од банките (најчесто за прилив на социјални трансфери). Се даваат практични информации и совети како се реализира постапката за отварање на трансакциска сметка (обезбедување на лична карта, пополнување на потребните формулари, давање дополнителни изјави и слична документација). Корисниците со кои работиме најчесто не се информирани, или имаат не доволно информации, не знаат да ги прочитат документите, да ги потполнат барањата, формуларите…“
На работилницата свои излагања и споделувања на искуства имаа експерти како од јавниот така и од банкарскиот сектор од Австрија. Учество зедоа претставници на МТСП, Центри за социјална работа, претставници од банкарскиот сектор и претставници на НВО организации.
На дводневната работилница детално беа претставени алатки за справување со долгови на социјално загрозени лица, нивна имплементација, предизвици и успеси во креирањето на алатките и добри практики.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.