Blog

Одржана редовна седница на Управниот одбор на Македонски Каритас 05 Дек

Одржана редовна седница на Управниот одбор на Македонски Каритас

На 4 декември 2023 година во просториите на Македонски Каритас во Скопје се одржа редовна седница на Управниот одбор, со која претседаваше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Претседател на Македонски Каритас.

После молитвениот дел, следеше извештај од страна на директорот отец Зоран И. Стојанов, за делувањето на Каритас во тековната 2023 година, проектите и проектните активности кои се спроведуваат, како и планираните проекти и активности за 2024 година. Беа презентирани и постигнатите резултати, а воедно се разговараше и за предизвиците со кои се соочува организацијата, вршејќи ја својата мисија како социо – пасторално тело на Католичката црква во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.