На 18.10.2022 година во просториите на Македонски Каритас во Скопје се одржа седница на Управниот одбор, со која претседаваше претседателот на Македонски Каритас, скопскиот бискуп и епарх струмичко – скопски, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.
Седницата започна со молитва во капелата на Каритас, по што збор стана за делувањето на Каритас во тековната година, проектите и проектните активности кои се спроведуваат, како и планираните проекти за 2023 година.
Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, за потребите на капелата на Македонски Каритас, поклони Евангелијар, како и литургиски книги од Византиски обред.