На 17 декември 2023 година се одржа Божиќниот саем, организиран од Македонски Каритас и катедралната парохија „Пресвето Срце Исусово“, оваа година подржан и од неколку Парохиски Каритаси.
Традиционалниот Божиќен саем, кој е со хуманитарен карактер, беше подржан од страна на некои амбасади, општествено одговорни фирми и компании, здруженија, верници и луѓе со добра волја. Божиќниот саем понуди голем избор на традицонални божиќни колачи, украси и пригодни подароци, кои се користат за претстојните божиќни и новогодишни празници. Воедно саемот понуди и можност да се вкусат и разни специјалитети.
Целиот приход е наменет за најсиромашните категории на граѓани, кои живеат на работ од општеството и се корисници на помошта од Каритас.
На сите донатори и сите оние, кои на било кој начин дадоа свој придонес во реализацијата на Божиќниот саем 2023, Македонски Каритас изразува искрена благодарност.