Во недела 13 април 2025 година, во дворот на катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје се одржа традиционалниот Велигденски саем во организација на Македонски Каритас.
Овогодинешниот саем се одржа под мотото: Надежта е најголем Велигденски дар; со мала помош до голема надеж.
На саемот со свои рачни изработки, украси и специјалитети учествуваа Едукативните центри на Македонски Каритас од местотo Сарај (општина Босилово) и Шуто Оризари, Центарот
Мајка Тереза од Гевгелија, Здружението на Унгарците во Македонија – Теледом, како и бројни верници од парохиите.
Саемот го посетија голем број на верници, гости како и претставници на дипломатските претставништва во земјата.
Сите собрани средства од овој саем се наменети, како што вели и самото мото на саемот, да обезбедат барем трошка надеж на оние кои се оставени сами на себе и се заборавени.







