На 20 јуни 2024 година, директорот на Македонски Каритас, отец д-р Зоран И. Стојанов во просториите на општина Богданци, се сретна со градоначалникот Блаже Шапов. На средбата директорот беше придружуван од кариерните советници Верица Ангеловска и Александар Младеновски.
На средбата, во фокусот на разговорот беше проектот на Македонски Каритас Your Job, во кој целна група се младите од 15 до 35 години. Од двете страни е изразена подготвеност за соработка. Општина Богданци е една шесте општини во Југоисточниот регион во кој се реализира проекотот Your Job.