Blog

Официјализирана соработката со РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица 17 Окт

Официјализирана соработката со РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица

На 15 октомври 2024 година во Струмица, директорот на Македонски Каритас, отец д-р Зоран И. Стојанов, со директорот на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Никола Карев“ – Струмица, г-дин Архелос Туранов, потпишаа Меморандум за соработка и разбирање за проектот YourJob, кој го реализира Македонски Каритас.

Од особена важност за Македонски Каритас е соработката со РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица и воедно беше искажана благодарност за официјализирањето на поддршката за проектот YourJob, кој е наменет за млади.

Проектот е подржан од Реновабис и Каритас Австрија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.