Blog

Персоналот на Македонски Каритас од Центар Мајка Тереза во студиска посета во Србија 04 Дек

Персоналот на Македонски Каритас од Центар Мајка Тереза во студиска посета во Србија

Од 30 ноември до 2 декември 2025 година, персоналот на Македонски Каритас, ангажиран во Центар Мајка Тереза – Гевгелија, беше на студиска посета во соседна Србија. Беа посетени неколку центри кои работат со лица со попреченост, односно центрите во Сремска Митровица – Дневен престој за лица со ментални пречки Света Тереза при Каритас Св. Анастазија, Дневен престој за млади со пречки во развојот Сонце и специјално училиште Радивој Попович. Во Шабац беше посетен Дневниот центар за лица со ментални пречки при Каритас Шабац и Авлија за одржлив развој Богатич. Во Земун беше посетена организацијата Ево рука, а посетата ја завршија со посета на организацијата Инклузивни развојни круг Мој начин, во Белград.

Студиската посета беше одлична можност за размена на искуства и знаења со колегите од Србија, кои главно се фокусирани на работа со млади и возрасни лица со попреченост. Воедно, одблизу можеа да се видат и услугите кои се нудат согласно проблематиката на терен, да се слушнат позитивните примери на постигнати резултати, како и предизвиците со кои се соочуваат при секојдневните активности.

Од страна на персоналот на Македонски Каритас, беа пренесени домашните искуства и начин на работа во Центар Мајка Тереза, позитивните примери и пракси, како и предизвиците со кои се соочува овој центар во секојдневната работа.

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.