Во периодот од 29 мај до 02 јуни 2022 година, претставници на Македонски Каритас учествуваа на средба, која имаше за цел да работи на подготовка на претстојниот летен камп за млади претприемачи на тема „Социјална економија“, кој треба да се одржи во септември оваа година, на островот Тинос (Грција). Исто така беа разгледувани и плановите за следниот тренинг за млади кој треба да се одржи на крајот на месец јуни во Призрен – Косово, како и за завршната студија во Софија – Бугарија.
Подготвителната средба во Грција се одржа во рамките на регионалниот проект Елба, предводен од Италијански Каритас.