Во рамките на проектот “Раце кои пружаат надеж” целна група се старите, болни и изнемоштени лица кои имаат потреба од континуирана помош и поддршка.
Тимот на Македoнски Каритас заедно со волонтерите им помага и ги асистира старите лица кои живеат во околината на скопскиот регион, односно во руралните средини.
Наша заедничка одговорност е да се грижиме за старите лица и со заеднички акции и иницијативи да допринесеме за нивен достоинствен живот.