Blog

Посета на Едукативниот центар – Сарај 26 Сеп

Посета на Едукативниот центар – Сарај

На 25 септември 2025 година, Едукативниот центар  на Македонски Каритас во Сарај, беше посетен од страна на корисниците на услугите на Центар Мајка Тереза – Гевгелија, предводени од страна на локалниот координатор отец Тома Ангелов и стручниот персонал на центарот.

За време на посетата, корисниците и вработените беа запознаени со работата на Едукативниот центар – Сарај од страна на локалниот координатор отец Ванчо Назов и персоналот. Децата од двата центри на Македонски Каритас поминаа незаборавни моменти на запознавање преку дружење и игра.

На крајот на посетата беа разменети и пригодни подароци, изработени за време на креативните работилници кои ги реализираат самите корисници и деца од двата центри на Македонски Каритас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.