Blog

Посета од страна на наставниците и учениците од П.О.У. Гоце Делчев – Сарај 06 Окт

Посета од страна на наставниците и учениците од П.О.У. Гоце Делчев – Сарај

На 05.10.2022 Едукативниот Центар на Македонски Каритас во с. Сарај (општина Босилово) беше посетен од страна на наставниците и учениците од П.О.У. Гоце Делчев – Сарај. Тие беа пречекани од страна на персоналот на Македонски Каритас и во срдечна атмосфера беа подетално запознаени со секојдневните предизвици со кои се соочува Центарот. Меѓу наставниците и вработените беа разменети и многу корисни искуства од самата работа со децата од с. Сарај. Сите го истакнаа големото задоволство за досегашната успешна соработка меѓу Едукативниот центар и училиштето и се согласија дека доброто и квалитетно образование е клучот за успешна иднина на ова наше село. Од страна на лок. координатор о. Ванчо Назов беа пренесени и поздравите на директорот на Македонски Каритас, о. д-р Зоран Стојанов, кој меѓу другото искрено им се заблагодари на самите наставници за сето добро што го прават и љубовта која им ја пружат на децата од с. Сарај.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.