Во канцеларијата на YourJob во Струмица, директорот на Македонски Каритас отец д-р Зоран И. Стојанов, во петок 28 февруари 2025 година, ги потпиша договорите за финансирање на бизнис идеја во рамки на проектот Your Job II со младите претприемачи Дарко Мицев, Наташа Трајков, Дорис Трајанова и Васил Гавровски.
Младите претприемачи претходно учествуваа во „Тренингот за млади претприемачи“ во Дојран, со програма за тоа како се започнува и води сопствен бизнис и едукација, каде што со искусен ментор го разработија својот професионален бизнис план.
Проектот YourJob, кој го спроведува Македонски Каритас, е финансиран од Реновабис Германија и Каритас Австрија.
Македонски Каритас и тимот на YourJob им посакува успех во реализацијата на нивната бизнис идеја.
0