Blog

Потпишан договор за мали грантови 07 Ное

Потпишан договор за мали грантови

На 04 ноември 2025 година во просториите на Македонски Каритас се потпишаа договорите со организациите на кои им се доделени грантови во рамките на Програмата за мали грантови за граѓански организации во рамките на проектот CORDIAL – Создавање можности на регионално ниво за активности и законодавство за вклучување на лицата со попреченост, финансиран од Европската Унија. Проектот го имплементираат девет организации од Западен Балкан и Италија, помеѓу кои Здружението за младински активизам КРИК и Фондацијата Македонски Каритас во нашата земја

Добитници на грантови се четири организации кои работат директно со лица со попреченост и тоа: Здружение за асистивна технологија “ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ” – Скопје; Асоцијација за правата на деца и младинци со посебни потреби ЛАСТОВИЦА – Скопје; Центар за помош на лица со ментален хендикеп “ПОРАКА НЕГОТИНО” – Неготино и  Здружение за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој “ВО МОЈОТ СВЕТ” – Скопје. Во присуство на одговорните за спроведување на проектот во Македонија, Томислав Микулец и Мила Карадафова Ангеловска договорите ги потпиша директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов.

 

       

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.