На 8 февруари 2023 година во просториите на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу оваа институција од една страна и Македонски Каритас, АДРР Сонце и ЗГ Љубезност од друга страна, како имплементатори на проектот Грижи се, во чии рамки и се потпишува овој Меморандум за соработка.
На средбата беа истакнати активностите кои овие организации заеднички ги имплементираат, а воедно беше истакнато и задоволството од потпишувањето на овој Мемерандум, што води кон едно продлабочување на соработката, во интерес на крајните корисници.
Проектот Грижи се е подржан од страна на Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите и Каритас Австрија.