Хуманитарната ситуација во Украина оваа зима е неподнослива и стана најтешка од почетокот на војната. Четири страшни години за луѓето кои живеат под постојани напади: честопати без греење, електрична енергија, вода и основните потреби. Со температури кои достигнуваа и под – 18°C. Помошта е најитно потребна. Званично 9 милиони луѓе во Украина ги напуштија своите домови поради војната, а дури 13 милиони имаат итна потреба од хуманитарна помош оваа зима. Војната е немилосрдна и преку високата инфлација која го отежнува пристапот до лекови и основни потреби, особено за постарите лица и семејствата со мали деца. Крајот на страдањата не се гледа, за жал многу лица се и ментално исцрпени. Неопходностите растат на сите полиња од причина што меѓународната помош се намалува. Ве повикуваме да останеме блиску до луѓето во Украина, особено сега во овие на места поларни услови. Да помогнеме веднаш, кој колку може. Собраните средства, Каритас во соработка со Амбасадата на Украина во Македонија, ќе бидат веднаш испратени таму каде што се најпотребни.
Ако многу луѓе донираат според своите можности 100, 200, 500, 1000 … денари, заедно ќе станат повеќе, тогаш и на повеќе лица ќе им се помогне.
Ве повикуваме на помош и Ви благодариме на сите луѓе во Македонија за вашата солидарност и сочувство.
Помошта е на две нивоа:
– солидарна акција за собирање средства за набавка на генератори за украинските семејства во најранливите региони;
– практична хуманитарна поддршка, вклучително и набавка на генератори за украинските семејства, кои Амбасадата ќе ги достави во Украина.
Вашите средства можете да ги донирате на следната сметка:
Денарска сметка:
Фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС Скопје
Ул. Петар Попарсов бр. 43
МК – 1000 Скопје
Бр. на трансакциска
Сметка: 300000004360186
Целна дознака: Помош за Украина
Девизна сметка:
Name of the bank Komercijalna banka AD Skopje
Address of the bank Orce Nikolov br. 3, Skopje
Account’s holder Fondacija MAKEDONSKI KARITAS Skopje
Account’s holder’s address Petar Poparsov br. 43, 1000 Skopje
SWIFT code KOBSMK2X
IBAN Code MK07300701003596824
Account number 0270100359682
Remittance: Aid for Ukraine


