Blog

Претставник на Федералното Министерство за социјални работи и здравство на Австрија во посета на Македонски Каритас 24 Јун

Претставник на Федералното Министерство за социјални работи и здравство на Австрија во посета на Македонски Каритас

На 23.06.2022 година претставникот на Федералното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија, г-дин Харалд Фугер, беше во посета на Македонски Каритас. За време на посетата беше реализирана работна средба со директорот дон Паво Шекерија, како и со тимот на Македонски Каритас во однос на имплементацијата на проектот “Грижи се”, постигнатите резултати, тековните активности и предизвици со кои се соочува тимот, а исто така беа реализирани и теренски посети кај корисници кои се вклучени во проектот, подржан од спомнатото министерство.

Исто така на 24.06.2022 година, г-дин Фугер беше во посета на Едукативниот центар на Македонски Каритас во Сарај (општина Босилово), при што од страна на персоналот беше подетално запознат со работата и активностите на Центарот.

Посетата беше  можност за споделување на добри практики, искуства, како и следење на проектните активности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.