Blog

Претставници на Италијански Каритас во работна посета на Македонски Каритас 01 Ное

Претставници на Италијански Каритас во работна посета на Македонски Каритас

Од 29 до 31 октомври 2022 година претставници на Италијански Каритас беа во работна посета на Македонски Каритас. Беше остварена средба и со Претседателот на Македонски Каритас, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, по што следеше средба со директорот на Македонски Каритас, о. д-р Зоран Стојанов во просториите на Македонски Каритас. На средбата стана збор за тековните проектни активности, организацискиот развој, како и за идните планирани активности на Македонски Каритас. Од двете страни беше нагласена одличната и плодна соработка во изминатите години и спремност таа соработка да продолжи и да биде продлабочена во иднина.

Во рамките на оваа посета, беа направени и теренски посети на некои од проектните активности на Македонски Каритас, како би можело на лице место да се видат придонесот и резултатите, но и предизвиците со кои се соочува Македонски Каритас во исполнувањето на својата мисија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.