На 09 октомври 2024 година, директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов со дел од тимот на Каритас оствари средба со претставници на Епархискиот Каритас – Болцано, г-ѓа Беатрикс Маирхофер – директор, г-ѓа Сандра Д’Онофрио – одговорна за меѓународна соработка и нејзината соработничка г-ѓа Марион Ротенстеинер.
Во срдечна атмосфера се разговараше за проектните активности кои Македонски Каритас во рамките на своите можности ги имплементира и ги спроведува на територијата на град Скопје и низ Македонија.
Беше потенцирано задоволството од досегашната соработка со Каритас Болцано, која трае веќе неколку години во континуитет и взаемната подготвеност истата да се продолжи.