На 09.06.2022 година, претставници на Македонски Каритас остварија средба со градоначалникот на општина Босилово, г-дин Ристо Манчев.
Средбата беше од информативен карактер со цел подетално запознавање на општината со тековните проектни и теренски активности, како и функционирањето на Едукативниот центар на Македонски Каритас во с. Сарај.
Градоначалникот, од страна на отец Илија Стојанов, локален координатор на проектот Елба, беше подетално запознаен за идните планови и перспективи на самиот проект Елба, а додека за функционирањето, работата и идните планови на Едукативниот центар на Македонски Каритас во с. Сарај зборуваше локалниот координатор на проектот, отец Ванчо Назов. Средбата заврши со размена на идеи за идна соработка помеѓу Македонски Каритас и општина Босилово.
Г-дин Ристо Манчев изрази благодарност за сè она што Македонски Каритас го прави за сиромашните и социјално загрозени семејства во општина Босилово, а воедно присутните изразија отвореност и спремност за продлабочување на соработката.