Blog

Работилница за вокациски вештини – фотографирање 23 Фев

Работилница за вокациски вештини – фотографирање

На 22 февруари 2023 година, тимот на Македонски Каритас во соработка со професионален фотограф, реализираше работилница за фотографија за ученици од VIII и IX одделение во ООУ “Браќа Рамиз-Хамид” општина Шуто Оризари. Темата на работилницата беше од информативно- едукативен карактер, во контекст на стекнување на вокациски вештини за фотографирање на младите. За време на активноста учесниците имаа можност да се информираат за професијата Фотограф, да фотографираат со професионален фотоапарат и да се запознааат со основни практични вештини за фотографирање.

Активностите се во рамките на проектот ГРИЖИ СЕ поддржан од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија и Каритас Австрија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.