На 14 ноември 2024 година, во Едукативниот центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари, се одржа работилница со родители на тема: “Важноста на образованието и редовност во училиште на Ромските деца”. Целта на работилницата беше да се зголеми свесноста кај родителите за важноста на образованието за нивните деца, зголемување на редовноста во училиште, активно следење на наставата и совладување на тековниот училишен материјал. Родителите имаа можност да споделат и да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат при образованието на нивните деца во контекст на заедничко изнаоѓање на решенија и можности.
Македонски Каритас во рамките на своите проектни актиности повеќе години го поддржува образованието на Ромските деца во општина Шуто Оризари. Веруваме дека образованието е клучот за намалување на сиромаштијата.
Работилницата ја реализираше социјалниот работник Александар Митаноски, во рамките на проектот “Грижи се II” – Интегрирана социјална и здравствена заштита за ранливото население во Македонија, поддржан од страна на Сојузно министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија и Каритас Австрија.