Blog

Работилница за родители во Едукативен центар – Сарај 23 Фев

Работилница за родители во Едукативен центар – Сарај

На 22 февруари 2024 година, во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во населено место Сарај (општина Босилово) се одржа работилница за родителите чии деца го посетуваат Едукативниот Центар – Сарај.

Работилницата беше на тема „Период на вируси и бактерии меѓу децата“, а истата ја водеше доктор Емилија Анѓеловска, општ лекар. Самата работилница предизвика голем интерес од страна на родителите, нешто за што сведочи и активното вклучување во плодната дискусија во текот на работилницата. Од страна на докторката беа елаборирани поимите „вирус“ и “бактерија“, а на крајот стана збор и за важноста на вакцината и процесот на вакцинација на децата. Посебен интерес кај родителите предизвикаа практичните совети кои ги добија од страна на докторката во однос на грижата за здравјето на нивните деца.

Тимот на Македонски Каритас од Сарај изразува благодарност за активното учество на родителите. Продолжуваме заедно за нашите деца.

Активностите се во рамките на проект подржан од Renovabis и CRS (Catholic Relief Services).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.