Blog

Работилница за родители во Едукативен Центар – Сарај 22 Мар

Работилница за родители во Едукативен Центар – Сарај

На 19 и 21 март 2024 година, во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во с. Сарај (општина Босилово) се одржаа серија работилници за родителите чии деца го посетуваат Едукативниот Центар – Сарај.

Работилниците беа на тема „Буџетирање на домаќинствата“, а истата ја водеше г-дин Никола Делевски, професор и стручно лице за планирање на семеен буџет. Самата работилница предизвика голем интерес од страна на родителите, нешто за што сведочи и активното вклучување во плодната дискусија во текот на работилницата. Од  страна на предавачот беше елабориран концептот на “семеен буџет“, по што следеше и практичен дел на работа во групи каде родителите требаше да изготват свој сопствен семеен план за трошење на средства во семејството. Посебен интерес кај родителите предизвикаа и практичните совети кои ги добија од страна на стручното лице во однос на грижата за правилното користење на сопствените средства.

Активностите се во рамките на проект подржан од Renovabis и CRS (Catholic Relief Services).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.