На 30 октомври 2024 година во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во населено Сарај (општина Босилово) се одржа работилница за родителите чии деца го посетуваат Едукативниот Центар – Сарај.
Работилницата беше на тема „Правата на децата“, а истата ја водеше м-р Данче Ичева, правник. Воочлив беше големиот интерес од страна на родителите, за што сведочи и одличната посетеност на настанот како и активната и плодна дискусија за време на работилницата. Од страна на предавачот беа истакнати повеќе права на детето, вклучувајќи ги правата, но и обврските и на самите родители како најодговорни лица за воспитувањето на нивните деца. Посебен интерес кај родителите предизвикаа практичните правни совети од стручното лице со цел стекнување на одредено право на детето во самата државата. На крајот самите родители изразија голема благодарност до Македонски Каритас за организацијата на ваквиот тип на работилница.
Проектните активности се подржани од Реновабис.