Blog

Работилница за родители во Едукативниот Центар – Сарај 24 Дек

Работилница за родители во Едукативниот Центар – Сарај

На 23 декември 2024 година, во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во населено место Сарај (општина Босилово) се одржа работилница за родители, чии деца го посетуваат Едукативниот Центар – Сарај.

Работилницата беше на тема „Влијание на медиуми и борба со лажни вести“, а истата ја водеше новинарот г-дин Кирил Стојанов. Самата работилница предизвика голем интерес од страна на родителите, нешто за што сведочи самото нивно присуство и активното вклучување во плодната дискусија во текот на работилницата. Од  страна на предавачот беше ставен акцент на креирањето на вестите и препознавањето на лажните вести. Посебен интерес кај родителите предизвикаа практичните совети од стручното лице, со цел  полесно детектирање на лажната вест, пред сѐ на социјалните медиуми, како медиуми кои и најчесто ги користат самите родители.

Од страна на самите родители беше изразена благодарност до Македонски Каритас за организацијата на ваков тип на работилници.

Проектните активности се подржани од Реновабис Германија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.