Blog

Работилница за социјални права и услуги 31 Окт

Работилница за социјални права и услуги

На 28.10.2022 година, во соработка со претставници од Центарот за социјална работа во Шуто Оризари, се реализираше работилница на тема “Социјални права и услуги”. Работилницата беше имплементирана од страна на стручни работници од Центарот на социјална работа кои работат во областа на социјалната заштита и постапуваат согласно законските регулативи, со цел остварување на правата и услугите на крајните корисници вклучени во рамките на проектот “Грижи се”. Учесниците на работилницата имаа можност директно да разговараат со стручните лица во однос на целосната постапка, услови, процедура, комплетирање документи, како и одредени бариери при остварување на правата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.