Blog

Работилница  од областа на животни вештини за шиење, видови на текстил, обработка на материјалите при шиењето и ре-употреба на алишта 03 Мај

Работилница од областа на животни вештини за шиење, видови на текстил, обработка на материјалите при шиењето и ре-употреба на алишта

На 27 април 2023 година, во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари, се реализираше работилница  од областа на животни вештини за шиење, видови на текстил, обработка на материјалите при шиењето и ре-употреба на алишта. Работилницата беше интерактивна со активна партиципација на учесниците при што тие директно имаа можност да шијат, кројат и да го применат процесот на ре-употреба на алиштата/текстилот. Исто така, учесниците на работилницата се запознаа со машинското шиење, рачното чиење, комбинирањето на различни материјали, текстил, начинот на обработка, шиење копчиња, патенти се до крајно финализирање на продуктите и ре-употреба на текстилот.

Работилницата имаше информативно-едукативен карактер, со практични примери во контекст на стекнување на основни животни вештини како и запознавање со професијата, шивач/кројач, потребното образовaние, вештини и можности кои ги обезбедуваа оваа професија. Дел од учесниците изразија интерес за работа во областа на конфекциското работење во конфекцијата во која работи обучувачката. Споделени беа детални информации и упатување за можностите за работа и работна интеграција на корисниците.

На учесниците на работилницата им беа поделени сетови за шиење обезбедена донација од страна на Македонски Каритас.

Активностите се во рамките на проектот ГРИЖИ СЕ – поддржан од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија и Каритас Австрија.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.