Blog

Седница на Управниот одбор на Македонски Каритас 19 Ное

Седница на Управниот одбор на Македонски Каритас

Во просториите на Струмичко – скопската епархија во Скопје на 19 ноември 2025,  беше одржана четвртата редовна седница на Управниот одбор на Хуманитарно добротворната фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС – Скопје.

Седницата се одржа во полн состав со следните точки:

  1. Усвојување на Записникот од третата редовна Седницата.
  2. Извештај на директорот о. д-р Зоран И. Стојанов за тековните проектни активности.
  3. Претставување на идните планирани активности и проекти на Македонски Каритас 2025 – 2026 година.
  4. Разгледување на можноста за отварање на подружници на Каритас во југоисточниот дел на Македонија.
  5. Учество на Парохиските Каритаси во активностите на Македонски Каритас: – собирање и делење помош на сиромашните; заеднички програми за младите; соработка во организирањето на Денот на Каритас и Божиќниот саем.
  6. Разно

Седницата заврши со архиерејски благослов на Н.В.П. д-р Киро Стојанов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.