Blog

Средба – Отворени врати за волонтери 15 Дек

Средба – Отворени врати за волонтери

На 14 декември 2023 година, во просториите на Македонски Каритас во Скопје, беше организирана средба под наслов „Отворени врати за волонтери“.

На средбата присуствуваа млади, заитересирани за во иднина преку волонтерска работа  да се вклучат во активностите на Македонски Каритас за помош на лица во потреба. Тие беа примени од страна директорот о. Зоран И. Стојанов, а исто така им беше презентиран Каритас како социо – пасторално тело на Католичката црква, проектните активности кои се спроведуваат, како и целните групи кои се опфатени.

Средбата помина во пријатна и срдечна атмосфера со интересна дискусија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.