Blog

Средба со градоначалникот на општина Струмица 17 Јул

Средба со градоначалникот на општина Струмица

На 16 јули 2024 година, директорот на Македонски Каритас, о. Зоран И. Стојанов, оствари средба со градоначалникот на Општина Струмица, г-дин Костадин Костадинов. Целта на посетата беше да се претстави работата на Македонски Каритас, со особен акцент на проектот за млади YourJob, којшто го реализира Македонски Каритас. Општината покажа голем интерес за соработка и разбирање за активностите што ќе се реализираат во иднина за младите луѓе, при што беше потпишан и Меморандум за соработка. Директорот на средбата беше придружуван од страна на проектниот тим.

Проектот YourJob нуди стручна подготовка на младите луѓе од 15 до 35 години, со цел полесно интегрирање на пазарот на труд. Активно се работи и со корисници кои имаат потреба од поддршка за платена пракса, професионална обука или грант за самовработување.

Проектот е подржан од Реновабис и Каритас Австрија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.