Blog

Средба со претставник од Каритас Пфаркирхен – Германија 13 Окт

Средба со претставник од Каритас Пфаркирхен – Германија

На 12 октомври 2023 година, директорот на Македонски Каритас о. Зоран И. Стојанов, оствари средба со г-дин Кристијан Штајгер, управител на Каритас Пфаркирхен од Германија. За време на посетата стана збор за активностите кои Македонски Каритас во моментот ги имплементира, како и за идните планирани проекти кои Македонски Каритас планира во блиска иднина да ги започне. Воедно беа разгледани и дискутирани можностите за една идна заедничка соработка. Гостинот од Германија го посети и Едукативниот центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари, при што детално се запозна со работата и активностите кои се имплементираат во истоимената општина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.