На 31 јануари 2023 година, директорот на Македонски Каритас о. Зоран И. Стојанов, оствари средба со г-дин Тобиас Ноелке, регионален координатор на Каритас Австрија, придружуван од г-ѓа Јелена Мичовиќ од Каритас Србија. На средбата стана збор за тековните проектни активности на Македонски Каритас, со акцент на проектот Грижи се и активностите во рамките на овој проект, позитивните искуства, како и предизвиците. Отец Зоран искажа искрена благодарност за подршката на овој проект, со желба одличната соработка да продолжи и во иднина.
Во рамките на оваа посета беше остварена и теренска посета на корисници на проектот Грижи се.
Проектот Грижи се е подржан од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија и Каритас Австрија.