На 19 септември 2024 година, директорот на Македонски Каритас о. Зоран И. Стојанов и координаторот Спасе Спасов, остварија средба со г-ѓа Сигрид Шпиндлбек, претставничка на Каритас Линц – Австрија. За време на средбата стана збор за проектните активности кои ги спроведува Македонски Каритас, како и предизвиците со кои се соочува. Воедно се разгледуваа и можностите за идна соработка, за доброто на луѓето во потреба.