Во периодот од 7 до 10 ноември 2023 година, делегација на Македонски Каритас предводена од директорот о. Зоран И. Стојанов, учествуваше на студиска посета во Гориција – Италија, во рамките на регионалниот проект Ремап. На студиската посета учествуваа претставници од регионот, односно од државите во кои регионалните Каритас организации ги реализираат проектните активности во Ремап проектот: Туркије, Грција, Бугарија, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Италија.
Во рамките на студиската посета беа посетени два бегалски прифатни центри за мигранти и баратели на азил во регионот на Гориција, беше остварена посета на канцеларијата на Каритас Гориција, како и средба со заменик директорот на Каритас Гориција.
Дополнително, сите Каритас организации кои се вклучени во проектот Ремап, имаа можност да ги презентираат проектните активности, резултати и моменталната ситуација со миграциите низ Балканската рута. Исто така, беше дискутирано за понатамошно застапување и лобирање во делот на заштита и поддршка на бегалците и мигрантите.
Проектот РЕМАП е поддржан од Каритас Италија и Каритас Шпанија.