Blog

Форум за партнерство на националните Каритаси од југоисточна Европа 05 Јул

Форум за партнерство на националните Каритаси од југоисточна Европа

Од 2 до 3 јули 2024 година, во Загреб – Хрватска, се одржа Форум за партнерство на националните Каритаси од југоисточна Европа, во организација на Каритас Хрватска и Каритас Босна и Херцеговина. Македонски Каритас беше претставуван од отец Зоран И. Стојанов, директор и Спасе Спасов, координатор.

Форумот го отвори фра Томислав Главник, директор на Хрватски Каритас, воведно излагање на Форумот имаше Доминик Верховен од Каритас Фландерс – Белгија, кој е воедно и член на меѓународната работна група за Братска соработка на Каритас Интернационалис, тој зборуваше на тема: – Братска соработка и нејзино спроведување во пракса.

На Форумот присуствуваше и Министерот за труд, семејство и социјална политика на Република Хрватска, Марин Пилетиќ, кој ја нагласи одличната соработка помеѓу Државата, Црквата и Каритас, во делот за помош и подршка на луѓето во потреба.

Форумот беше можност да се разговара за предизвиците со кои се соочуваат националните Каритас организации во регионот, како и барања на решенија за подлабока соработка и координација за подобро остварување на добротворната мисија на Каритас.

Остварена беше и посета на „Куќата на св. Фрањо“ на Каритас на Надбискупијата Загреб, која повеќе од пеесет години се грижи за деца без соодветна родителска грижа, при што од страна на директорката с. Јелена Лончар, беше претставено делувањето и услугите кои ги нуди оваа институција.

Форумот заврши со света Литургија, во националното светилиште Мајка Божја Бистричка, која ја предводеше монс. Боже Радош, вараждински бискуп и претседател на Хрватски Каритас.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.