Хуманитарно добротворна фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За ангажирање на експерт за изработка на документ за јавна политика со цел дефинирање и подобрување на состојбата со бездомништвото во Р.С Македонија во рамки на проектот “ГРИЖИ СЕ 2 (TAKE CARE 2) – Интегрирана социјална и здравствена заштита за ранливото население во Р.С Македонија”.
- За проектот:
Општата цел на Take Care 2 е да придонесе за обезбедување долгорочни и достоинствени опции за домување за луѓето погодени од сиромаштија и/или луѓе кои се изложени на зголемен ризик од сиромаштија и социјална исклученост поради економската криза во земјата.
Грижи се 2 – се надоврзува на добрите искуства и „научените лекции“ од регионалниот проект Грижи се 1 и опфаќа мобилна правна, здравствена и социјална работа, како и компонента за домување со помошни услуги за домување.
Проектните активности во земјава ги спроведуваат организациите Хуманитарна добротворна фондација Македонски Каритас – Скопје, Здружението за демократски развој на Ромите Сонце – Тетово и Здружение на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци – Љубезност – Скопје под координација и менаџмент на Каритас Австрија.
Проектот е финансиран од Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравје, грижа и заштита на потрошувачите.
Проектни активности:
- Интегрирани услуги за домување со поддршка за лица во висок ризик од бездомништво.
- Развивање и зајакнување на основните животни вештини и стекнување работни навики за намалување на ризикот од сиромаштија и бездомништво.
- Индивидуално менторство и следење за полесен пристап и вклучување на пазарот на труд.
- Социјални и правни услуги за лица во висок ризик од сиромаштија и социјална исклученост.
- Основни мобилни здравствени услуги и медицински совети.
- Финансиска поддршка и помош за добивање лична документација.
Проектна локација: Гостивар, Тетово и Скопје вклучувајќи ги и руралните средини околу овие градови.
- Број на експерти:
За изработка на документ за јавна политика со цел дефинирање и подобрување на состојбата со бездомништвото во Република Северна Македонија ќе ангажира (1) еден експерт.
- Специфични задачи на експертот:
Експеротот ќе ги спроведе следниве специфични задачи:
- Дефинирање на наслов на документот за јавна политика
- Креирање на концепт за структурата на документот
- Деск анализа на проблемот со бездомништвото во нашата земја;
- Анализа на законодавната рамка во која се дефинира и споменува бездомништовто;
- Истражување на проблемот (интервјуа со лица засегнати од бездомништво и невладини организации кои работат во областа на бездомништвото);
- Компаративни искуства од регионот и пошироко;
- Сумирање на заклучоци и препораки;
- Презентација на изготвениот документ за јавна политика
- Главна цел:
Експертот кој/а ќе биде избран/а ќе подготви документ за јавна политика кој ќе ги опфати сите горе наведени области од точка 3 и ќе сумира конкретни заклучоци и препораки. Истиот понатаму ќе биде соодветно адресиран до надлежните институции со цел подобрување на состојбата со бездомништвото.
- Известување:
Експертот ќе изготви документ за јавна политика до Проектниот менаџер и ќе го презентира документот со препораки за подобрување на сотојбата со бездомништвото во Македнија на завршната конференција во рамките на проектот Грижи се 2.
- Квалификации и искуство
Експертот потребно е да ги има следниве квалификации и искуство:
- Минимум три (3) години релевантно работно искуство;
- Добро познавање на македонското законодавство (со посебен фокус на законодавството за социјална заштита),
- Одлични вештини за анализа и пишување (за предност ќе се смета претходна работа на најмалку 2 анализи/документи од областа на социјалната заштита).
- Компјутерска писменост и компетентност, Microsoft Word, Excel, Access, PowerPoint;
- Докажана способност за работа и интеракција со луѓе од различно, професионално, социјално и културно потекло;
- Останати барања:
- Одлични вештини за планирање, организирање и пишување;
- Одлични комуникациски вештини;
- Сигурна и одговорна личност со капацитет за работа под професионални услови.
- Начин на плаќање
- Начинот на плаќање ќе биде дефиниран со договор.
- Начин на аплицирање за јавниот повик:
- Кратка биографија (CV)
- Предлог краток концепт за документот за јавна политика
- Пример од еден претходно изготвен документ за јавна политика
- Процедура за поднесување на пријави
Пријавите треба да се базираат врз основа на Описот на задачи, и притоа да ги содржат документите од точка 9. Истите да бидат испратени на e-mail адреса: [email protected] и [email protected] , со рок до 27.12.2024 година, 16:00 часот.