Проект: “YourJob 2” – Youth Overcoming Unemployment Regionally through Job Opportunities on the Balkans (компонента за млади претприемачи)
Нарачател: Фондација Македонски Каритас
Тип на договор: Надворешен експерт за старт-ап бизниси
1. За проектот
Програмата се имплементира како резултат на високата стапка на невработеност на ранливата категорија на жени и мажи, додека истовремено компаниите имаат потреба од квалификувани работници. Проектот се реализира во одредени региони во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Во училиштата обично не се нуди систем на стручно усовршување, а учениците ги напуштаат училиштата без практични вештини. Со цел охрабрување на младите луѓе што сакаат да водат свој бизнис, Македонски Каритас нуди можност за самовработување.
Импакт
Целта на YourJob програмата е да даде придонес во интегрирањето на младите кон пазарот на труд во Југоисточна Европа.
Програмски резултати
Зголемена вработливост на младите луѓе преку професионално усовршување, квалитетно кариерно советување и прво работно искуство во одредени општини во Македонија.
Таргет групи:
Таргет групата се 300 млади жени и мажи од ранлива категорија на возраст од 15 до 35 години од рурални и урбани подрачја во Македонија.
Локации-општини
Струмица, Гевгелија и руралните општини: Василево, Босилово, Ново Село, Богданци.
2. Опсег на компонентата за претприемништво
Претприемништвото има потенцијал да ја зголеми вработеноста и да го подобри економскиот развој во земјите на Западен Балкан. И покрај брзиот развој во последните години, еко-системот на старт-ап бизниси во земјите каде што е присутен YourJob, се уште заостанува и постои недостаток на поддршка што може да го промовира и поттикне претприемништвото.
Целта на претприемничката компонента е да се зајакнат компетенциите во младинското претприемништво и поттикнување на развојот на иницијативи, кои што имаат потенцијал за позитивно влијание врз самовработувањето, што пак ќе придонесе за подобра општествена состојба и регионално финансиски стабилен Балкан.
Целокупната програма за млади претприемачи се одвива во пет главни фази:
- Потрага по млади таленти (информирање, подигнување на свеста и инспиративни кампањи);
- Тренинг за креирање на бизнис идеја (интензивен тренинг и менторирање на учесниците);
- Истражување и бизнис планирање (истражување на пазарот, дефинирање на бизнис моделот и финализирање на деталите за бизнис план);
- Пристап кон финансирање на бизниси и регистрација; и
- Финансиска поддршка за градење и развој на бизниси.
Тренингот за млади претприемачи се реализираше на 16, 17 и 18 Декември, 2024 година.
3. Улога и активности на Надворешниот експерт
- Надворешниот експерт работи со проектниот тим на Македонски Каритас и ќе биде одговорен за поддршка на младите претприемачи за време на имплементирање на процесот.
- Овозможува менторирање (во комбинација: во живо и онлајн) за младите претприемачи (според однапред определен план за поддршка од страна на Македонски Каритас) на нивно барање, според определен број на часови за време на имплементацијата на бизнисот. Во периодот на имплементација на бизнисот, надворешниот експерт на Македонски Каритас ќе организира мониторирање при имплементацијата на почетните бизниси и користењето на финансиските ресурси, обезбедува следење и поширока поддршка преку советување и менторирање за имплементацијата на бизнисот, исто како и подготовката на наративниот и финансискиот извештај на младите претприемачи. Во случаи кога младите претприемачи би имале потреба од техничка (предметна) експертиза, тимот на Македонски Каритас би можел да ги поддржи со надворешни експерти/професионални мрежи.
- Надворешниот експерт ќе води грижа за крајните рокови за известување:
- 1-от извештај треба да се подготви за 3 месеци,
- 2-от извештај после 6 месеци,
- Финалниот извештај после 9 месеци од почетокот на имплементацијата
- Надворешниот експерт ќе биде одговорен за следење и контролирање на соодветната имплементација на претпријатијата.
Главната задача на Надворешниот експерт ќе биде поддршка на младите претприемачи за време на пост-финансиската поддршка, со цел да им помогне на младите луѓе да ги градат и растат нивните бизниси.
- Обезбедуваат поддршка во првите денови од почетниот бизнис (регистрација, отварање на банкарска сметка…)
- Поддршка во подготовката на извештајот (финансиски и наративен)
- Ќе ја информира YourJob канцеларијата редовно за прогресот на секој претприемач
- Ќе реагира навремено во случај да се случи некоја нерегуларност
- Поддршка Ad-hoc онлајн или во живо;
- Поддршка за претприемачите според дефинирани часови по договор
Начин на комуникација
Услуги со техничка поддршка може да бидат обезбедени преку директни состаноци со младите претприемачи или преку онлајн сесии. Сесиите за мониторинг се одвиваат во директна комуникација со секој старт-ап. Надворешниот експерт е должен да испраќа извештаи до националната и локалната канцеларија на Македонски Каритас.
Квалификации
- Потврдено искуство во обезбедување на важни услуги индивидуално или како дел од бизнис инкубатор;
- Потврдено искуство во областа на развој на бизниси;
- Знаење и/или искуство во областа на почетнички бизниси;
- Знаење и/или искуство во бизнис планирање.
Период на ангажман
Периодот на ангажман на експертот е од февруари 2025 до октомври 2025.
Услови за плаќање
Условите за плаќање ќе бидат во договор со одбраниот експерт и ќе биде дефинирано со потпишување на договор.
Како да се аплицира
Заинтересираните кандидати треба да поднесат CV (за индивидуални консултанти), или бизнис портфолио (за бизнис инкубатори) заедно со финансиска понуда, што треба да биде изразена во часови, според бројот на корисници.
Сите документи да бидат испратени на E-Mail адресите: [email protected] и [email protected] .
Краен рок за аплицирање: 31.01.2025.
Телефон за контакт: 070 216 069