Blog

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА 05 Мар

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

за целите на проектот Едукативен центар за поддршка на маргинализирани деца и семејства во Сарај

 

Опис на условите и задачите за евалуаторите (ToR)

  1. За проектот Сарај

Едукативниот проект – Сарај го финансира Реновабис а го спроведува Фондацијата Македонски Каритас. Со него се опфатени сиромашните и маргинализираните деца од селото Сарај и нивните родители. Главната цел на проектот е децата успешно да го завршат основното образование. Стратешките цели на проектот се сиромашните и маргинализираните деца од Сарај да ги подобрат нивните перформанси во училиштето и нивните социјални вештини; како и родителите на децата од селото да го поддржат образованието на нивните деца.

  1. Цели и резултати на ангажманот

Завршната евалуација ќе му биде доверена на надворешен евалуатор со специфична експертиза во оваа област, кој ќе изготви специфичен и сеопфатен Финален извештај за евалуација.

Евалуаторот треба да ги анализира и оцени проектните активности, резултатите и применетата методологија од аспект на: релевантност, ефикасност, ефективност и одржливост.

Деталната методологија за евалуација ја одредува евалуаторот и може да ги вклучува следните елементи: документно истражување (проектна документација, извештаи, анкети, публикации, правни документи итн.), интервјуа со проектниот персонал, целните групи и крајните корисници, теренските посети итн.

Резултатот од оваа услуга е извештај за проценка (евалуација) на англиски јазик и краток извештај на македонски јазик кој ги содржи следните елементи:

  1. Клучни информации за проектот
  2. Методологија на оценување

III.       Синопсис на проектот (Контекст и опис на логиката на делување)

  1. Наоди (релевантност, ефикасност, делотворност, одржливост)
  2. Заклучоци
  3. Препорака

 

  1. Рокови за имплементација на работата

Активност                                                    Рок

Распишување на огласот                        05.03.2025

Затварање на огласот                             16.03.2025

Избор на евалуатор                                17.03.2025 – 18.03.2025

Потпишување на договор                      20.03.2025

Почеток на активности                          21.03.2025

Достава на работна верзија од извештајот

Изработка на финален извештај            15.04.2025

 

  1. Информации за апликантот
Краток опис на работата Евалуаторот ќе го оцени проектот Сарај финансиран од Реновабис користејќи ги следните критериуми: релевантност, ефикасност, ефективност и одржливост со фокус на влијанието на проектот.

Конечниот извештај за евалуација мора да биде напишан на англиски јазик.

Место и траење: Село Сарај (општина Босилово), завршниот извештај да биде доставен до 20.04.2025
Број на евалуатори: Еден
Вид на договор: За физички лица: договор на дело

За правни лица: договор за деловна соработка и фактура за извршена услуга

 

 

  1. Начин на пријава

Сите заинтересирани кандидати треба да ги испратат своите апликации на е-маил адресата: [email protected] најдоцна до 16.03.2025 година.

Апликацијата треба да содржи:

  • Образец за аплицирање (достапен на веб-страницата на Македонски Каритас)
  • CV на кандидатот на македонски јазик, со јасно назначено искуство, референци во вршење слични работни места и познавање на бараната тема. Правните лица треба да достават и CV на евалуаторот.
  • Краток опис на методолигијата на евалуаторот
  • Износ на понудата во денари (за правни лица бруто износ без ДДВ; за физички лица бруто износ)

Кандидатите кои сакаат да се пријават на конкурсот треба да ги преземат ToR со формуларот за аплицирање од веб-страницата на Македонски Каритас (www.caritas.mk). Пријавите пристигнати по истекот на рокот и некомплетните апликации нема да се разгледуваат.

 

  1. Критериуми за избор на кандидатите

Интерна комисија ќе ги разгледа сите апликации на посебен состанок и ќе одлучува за изборот на кандидатите. Кога ќе ги анализира апликациите, комисијата ќе ја земе предвид врската помеѓу сите горенаведени критериуми.

Основните критериуми при донесување одлука се:

  • Искуство во евалуација на проекти финансирани Реновабис и други меѓународни организации
  • Одлично познавање на македонски јазик
  • Добро познавање на пишан англиски јазик
  • Пожелно е искуство во работа со ранливите категории

Проектниот тим го задржува правото да го контактира секој од кандидатите за да ги потврди дадените информации.

 

Конфликт на интереси: На овој повик не можат да се пријават физички или правни лица кои се во потенцијален конфликт на интереси или лица кои на кој било начин можат да влијаат врз објективниот процес на одлучување. Раководството и проектниот тим го задржуваат правото да отфрлат апликација за која ќе се утврди дека е во потенцијален конфликт на интереси во согласност со домашното законодавство.

 

  1. Контакт

За какви било дополнителни информации, можете да го контактирате:

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВА – КАРИТАС ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР САРАЈ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.