Blog

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ТРЕНЕР 11 Ное

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ТРЕНЕР

Македонски Каритас за потребите на проектот YourJob II распишува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ТРЕНЕР

           За реализација и менторска поддршка во програмата за развој на младинското претприемништво.

  1. Општи информации

Во рамките на проектот Your Job 2 подршката во развој на претприемништвото на младите е издвоена како посебна компонента. Општа цел на оваа компонента е зајакнување на претприемничките компетенции на младите и поттикнување на развојот на претприемнички иницијативи кои имаат потенцијал на позитивно влијание на самовработувањето на младите и да создадат траен и позитивен социјален, економски и/или еколошки ефект во одржлив начин.

Главниот очекуван резултат од компонентата е зајакнување на младите и нивно вклучување во процесот на бизнис советување/инкубација со цел да започнат сопствен бизнис.

Во таа насока, Македонски Каритас бара експерт – тренер/и кој ќе го води целиот процес на инкубација, вклучително и спроведување на обука, подготовка на сите материјали како и менторска поддршка за млади претприемачи за време на процесот на деловно планирање и поднесување на бизнис планови до Македонски Каритас  на разгледување за финансирање .

Број на тренери:

Вкупно 1 тренер.
Вид на обука: Тренингот е наменет за невработени млади лица до 35 годишна возраст, со цел да се зголеми нивната вработливост на пазарот на трудот, преку пренесување на знаење и вештини за ефикасно пишување и спроведување на бизнис план.
Траење на обуката за бизнис инкубатор: 3 дена обука и менторска поддршка до 30 часа
Општи услови: Тренер – предавачот треба да ги поседува следните квалификации:

●    Универзитетска диплома;

● Минимум 5-годишно работно искуство во оваа област;

● Познавање и разбирање на прашањата за невработеност на младите;

● Искуство во реализација на тренингот и обуките на тема развој на претприемачки вештини;

● Искуство поврзано со социјално претприемништво;

  1. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Сите заинтересирани кандидати треба да ги испратат документите што ќе ги пополнат, на оваа e-mail адреса: [email protected] најдоцна до 25.11.2024 година, до 16:00 часот. Пријавата треба да содржи:

  • Образец за пријава
  • CV на кандидатот
  • План за спроведување на обуката
  • Финансиска понуда согласно описот на работа и задачата

Кандидатите кои сакаат да аплицираат на јавниот повик се должни да го преземат описот на работа и задачи како и образецот за пријава.

Преземи ги потребните документи:

Образец за пријава

Опис на работа и задачи (ToR)

Повеќе информации за јавниот повик се наоѓа во описот за работа и задачи за реализација на обуката и менторската поддршка во програмата за развој на младинското претприемништво.

За сите дополнителни информации можете да го Спасе Спасов, емаил: [email protected], Tel. +389 70 216 069

Струмица, 11.11.2024

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.