Од 7 до 14 септември 2022 година претставници на Македонски Каритас учествуваа на младинска размена во Тинос, Грција. Ативноста е дел од Еразмус+ проект имплемнтиран во рамките на проектот Елба. На размената учествуваа млади од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Италија, Македонија и Грција.
Темите кои се обработуваа на младинската размена беа од областа на социјалната економија со цел промоција на социјално претприемништво. Активностите беа интерактивни, потикнуваа дискусија, размена на идеи, искуства, како и практични вежби за развој на социјални бизнис идеи. Исто така, учесниците имаа можност да го посетат социјалното претпријатие “Serviam cafe” на Каритас Грција во Тинос.
На крајот на младинската размена сите учесници се стекнаа со сертификат за учество.