Blog

Cредба со претставниците на Здружението „ЗАЕДНИЧКИ ДОМ за мајки и деца од Украина“ 13 Окт

Cредба со претставниците на Здружението „ЗАЕДНИЧКИ ДОМ за мајки и деца од Украина“

На 12 октомври 2022 година, во просториите на Македонски Каритас се оствари средба со претставниците на Здружението „ЗАЕДНИЧКИ ДОМ за мајки и деца од Украина“, кое се залага заеднички да им се помогне, на било каков начин на бегалците од Украина, пред сѐ мајки и деца, кои најдоа засолниште во Македонија.
За време на средбата, се разговараше за активностите на здружението за задоволување на основните потреби на луѓето кои поради војна ја напуштија својата татковина.
Македонски Каритас ги претстави ствоите активности и чекорите кои досега се превземени за помош на бегалците од Украина.
Во име на Македонски Каритас, директорот о. д-р Зоран И. Стојанов, изрази подршка за нивните заложби за помош на луѓето во потреба. Меѓу другото беше нагласена желба за продлабочување на соработката и заеднички иницијативи во иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.