Blog

Медиумска работилница за родителите во Сарај 14 Дек

Медиумска работилница за родителите во Сарај

На 13 декември во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во с. Сарај (општина Босилово) се одржа медиумска работилница за родителите чии деца го посетуваат Едукативниот Центар во Сарај.

Работилницата беше на тема „Родителите и социјалните медиуми“, а истата ја водеше отец Гоце Костов, директор на Радио Марија Македонија. Самата работилница предизвика голем интерес од страна на родителите, нешто за што сведочи и активното вклучување во плодната дискусија во текот на работилницата. Од страна на предавачот беа презентирани позитивните и негативните страни на медиумите. Посебен интерес кај родителите предизвикаа практичните совети кои ги добија за правилно користење на социјалните медиуми.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.