Blog

Cредба со г-дин Салимовски, директор на ООУ „ Браќа Рамиз – Хамид“ – Шуто Оризари, Скопје 07 Јун

Cредба со г-дин Салимовски, директор на ООУ „ Браќа Рамиз – Хамид“ – Шуто Оризари, Скопје

 

На 07.06.2022 година, директорот на Македонски Каритас, дон Паво Шекерија, во придружба на координаторот Спасе Спасов, оствари средба со г-дин Алвин Салимовски, директор на ООУ „ Браќа Рамиз – Хамид“ – Шуто Оризари, Скопје. Во една срдечна и пријатна атмосфера, беа споделени и разменети искуства поврзани со образованието и едукацијата на учениците кои го посетуваат Едукативниот центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари, а се ученици од горенаведеното училиште. Исто така беше претставен и проектот ГРИЖИ СЕ, во чии рамки се спроведуваат едукативните активности, поддржан од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија. Заклучокот од средбата е зацврстување и продлабочување на соработката помеѓу двете институции која е од суштинско значење за добробитта на оние на кои сме им најпотребни, а тоа се учениците и нивните семејства.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.